Баерн Минхен на германскиот репрезентативец му даде „понуда која не се одбива“

Баерн Минхен е подготвен да му даде плата од 12 милиони евра годишно на Џонатан Та, кој како слободен играч треба да пристигне во таборот на „Баварците“. За него се заинтересирани и Реал Мадрид и Барселона, но тој изразил желба да пристигне во таборот на најтрофејниот германски тим.

29-годишниот фудбалер ќе оди во Минхен како слободен агент. Претходно Та беше договорен со Барселона, но трансферот во последен момент пропадна поради финансиските проблеми на „Каталонците“.

Трансферот од Баер во Баерн беше договорен уште минатото лето, но во последен момент пропаднал поради вето од надзорниот одбор на клубот. Тимот од Минхен е подготвен да ја зголеми понудата од минатото лето, кога изнесувала 9 милиони. Договорот со Та ќе биде потпишан на три години.

Се вчитува...