Германскиот првак Баерн Минхен планира значајно засилување на навалната линија во летниот преоден рок. Прв „пик“ на тренерот Карло Анчелоти е напаѓачот на Торино и италијански репрезентативец Андреа Белоти.
За одличниот голгетер на Торино се интересираат најголемите европски клубови. Арсенал зимава испрати понуда вредна 65 милиони евра, но раководството на италијанскиот калчолигаш глатко ја одби. Белоти е на списокот и на Челси, Манчестер сити и актуелниот европски првак Реал Мадрид, но Баерн Минхен се надева дека Анчелоти ќе ги искористи италијанските релации и ќе успее да го доведе на „Алијанц арена“.
Торино бара отштета од 100 милиони евра за својот најдобар фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА