Баерн Минхен доминира во светот на фудбалот во секој поглед. По освојувањето на Светското клупско првенство, баварците забележаа нов „триумф“ откако успеаја да го осигураат и потписот на Дајо Упамекано од Лајпциг за 42 милиони евра. Навидум голема сума за млад играч, меѓутоа Германците работат на долгорочни планови, а така беше и овој пат.
22-годишниот стопер на „Алијанц Арена“ доаѓа како замена за Давид Алаба кој по 13 години црвениот дрес најверојатно ќе го замена со белиот на Реал Мадрид, а германските медиуми „победата“ на Баерн ја согледаа и од финански аспект. Имено, платата на Швајцарецот на годишно ниво изнесува 11 милиони евра во нето износ, додека бруто истата достигнува 22 милиони евра. Доколку клубот од Минхен ги прифатеше условите на Алаба, кој бараше нов пет годишен договор со огромни финансиски средства, истата би изнесувала 110 милиони евра, со што до 2026 година, стоперот би имал 34 години, а Германците не би имале прилика да заработат од неговото заминување.
Баварците за Упамекано платија 42 милиони евра, меѓутоа неговата плата ќе биде дупло помала од онаа на Алаба. Се споменува сума помеѓу пет и шест милиони евра со што бруто сумата би достигнала до 11 милиони евра на годишно ниво. За период од пет години тоа е 55 милиони евра, па до додатните 42 од клаузулата истата би достигнала до околку 100 милиони, со напомена дека во 2026 година, Дајо би бил на врвот на својата кариера со 27 години и клубот би бил во прилика сериозно да заработи.
Притоа, на овој начин, доколку во обзир се земат само платите, Баерн ќе заштеди околку 25 до 30 милиони евра во однос на платата на Давид Алаба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

