Максим Чупо-Мотинг и во следните две сезони ќе го носи дресот на Баерн Минхен откако камерунскиот репрезентативец одлучи да ја продолжи соработката со минхенскиот клуб до 2023 година.
Задоволството е меѓусебно, поготово по прикажаното на голгетерот по повредата на Роберт Левандовски. Чупо-Мотинг оваа сезона одигра 32 натпревари за баварците, а девет пати се запиша во листата на стрелците.
„Презадоволни сме што Максим останува со нас уште две години. Тој е многу важен играч за нас. Постигна неколку важни голови оваа сезона. Корисен е на неколку позиции, а технички е беспрекорно добар. На се тоа, тој е и сјајна личност“, изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамаџиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА