Баерн Минхен не виде мака со Хајденхајм

Баерн Минхен се врати на „плус девет“ во однос на второпласираната Борусија Дортмунд откако баварскиот гигант славеше на гостувањето против Хајденхајм со 0-4.

Очекувано, претпоследниот тим на табелата не беше достоен ривал за актуелниот првак кој прашањето на победникот го реши уште во првото полувреме во кое Станишиќ и Олис стрелаа прецизно за 0-2.

Баерн потоа промаши неколку убави шанси во вториот дел се до самиот финиш, кога Дијаз и Кејн ги поставија конечните 0-4.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...