Баерн Минхен нема да го откупи Хамес Родригез

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез нема иднина во Баерн Минхен. Раководството на клубот одлучи да не ја искористи клаузулата во неговиот договор, за целосно откупување од Реал Мадрид за сума од 42 милиони евра. Тој пристигна од „Сантијаго Бернабеу“ на двегодишна позајмица, по што Баерн Минхен има право и комплетно да го откупи. Но, Колумбиецот не е во плановите на Нико Ковач за иднината на тимот.

Хамес Родригез отворено се спротистави на начинот на работа на Нико Ковач во баварскиот клуб, посочувајќи му дека „тоа не е Ајнтрахт Франкфурт“, а раководството и понатаму го поддржува иако Баерн Минхен оваа сезона е далеку од доминантен во Бундес-лигата. Колумбиецот заработи и повреда на коленото која ќе го оддалечи од тимот до почетокот на јануари, а во јуни ќе мора да се врати во Реал Мадрид.

Се вчитува...