Раководстовото на Баерн Минхен го загруби трпението кога станува збор за преговорите со францускиот стопер Дајо Упамекано па му постави и ултиматум за конечна одлука дали ќе го продолжи договорот со клубот.
Упамекано е релативно задоволен во Минхен и сака да продолжи да соработува со Винсент Компани, но не е задоволен кога станува збор за месечните примиња кои му се нудат со новиот договор.
Преговорите активно се водат веќе подолго време, а конечната одлука ќе биде позната до средината на месец февруари, рок до кога Французинот има простор да одлучи дали сака да го продолжи договорот кој истекува на крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

