Баерн Минхен: Ни го нудеа Роналдо, но одбивме

Спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ, призна дека во текот на летниот преоден рок можел да го ангажира Кристијано Роналдо, но ја одбил таа можност, пред се од финансиска природа.

„Баварците“ во текот на летото ги донесоа Де Лихт и Мане, а одбиле да го ангажираат Роналдо кој тогаш играше за Манчестер Јунајтед, а потоа стана слободен играч, при што се приклучи на Ал Наср.

Салихамиџиќ откри дека имал контакти со менаџерот на Роналдо, тврдејќи дека Португалецот сакал да ја заврши кариерата во Баерн.

„Разговаравме за Роналдо, но јас на Мендеш му соопштив дека таа работа не ни одговара. Не му одговараше на Баерн ниту финансиски, ниту спортски“, рече Салихамиџиќ.

Се вчитува...