Баерн Минхен носи кошаркар од Панатинаикос

Венјен Габриел повеќе не е играч на грчки Панатинаикос и кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен.

Репрезентативецот на Јужен Судан и поранешен играч на Макаби е блиску до договор со Баерн Минхен и наскоро ќе стане кошаркар на германскиот клуб.

Баварците сметаат дека Габриел е идеалното решение за нивните проблеми по заминувањето на Девин Букер во Олимпија Милано.

Баерн неодамна се согласи да го задржи Карсен Едвардс и сега ќе пополни уште една дупка со 28-годишниот кошаркар кој може да покрие две позиции.

Се вчитува...