Баерн Минхен носи засилување од Челси

Баерн Минхен покажа интерес за ангажман на отпишаниот напаѓач на Челси, Кристофер Нкунку кој се гледа како идеална замена за Кингсли Коман, пренесуваат германските медиуми. Реализацијата на овој трансфер е голема веројатност со оглед на желбата на англискиот гигант да се реши од услугите на Французинот кој има договор до 2029 година.

Нкунку пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2023 година како големо засилување од Лајпциг, но никогаш не успеа да се наметне во Челси. Сега 27-годишникот беше првото засилување во ерата на Маурисио Покетино, но аргентинскиот стартег замина од клубот по што не ги исполни тактичките замисли на Енцо Мареска.

Францускиот голгетер има богато искуство во Бундеслигата каде настапуваше со успех за Лајпциг од 2019 до 2023 година забележувајќи 70 голови и 56 асистенции на 172 одиграни средби.

Заминувањето на Нкунку се очекува да биде во износ од 30 милиони евра со што ќе се ослободи простор за ангажман на Чави Симонс.

Се вчитува...