Баерн Минхен остана и без Тијаго Алкантара

Германскиот првак Баерн Минхен се соочува со вистинска ’болница’ во своите редови. Најново име на списокот на повредени фудбалери е играчот за врска, Тијаго Алкантара. Шпанскиот интернационалец заработи повреда на скочниот зглоб на синоќешниот меч од Купот на Германија против нисколигашот Родингхаузен (1-2). Тој мораше да го напушти теренот со помош на лекарскиот тим, и сигурно ќе отсуствува најмалку три седмици.

Ова само дополнување на листата на ’неупотребливи’ за тренерот Нико Ковач. Претходно, на неа се наоѓаа и имињата на Хамес Родригез и Џером Боатенг, кои се болни, Арјен Робен со болки во грбот, Матс Хумелс со повреда на мускулот, како и Корентин Толисо и Кингсли Коман, кои подолг период се надвор од тренажен процес.

Се вчитува...