Германскиот првак Баерн Минхен тргна во офанзива по големи засилувања. Баварскиот клуб не сака да ја испушти доминацијата во Бундес-лигата, а по првиот дел од сезоната се покажа дека има голем конкурент во Борусија Дортмунд, која во моментот има шест бода на врвот на табелата. Раководството на Баерн одлучи да потроши огромни пари за засилувања и да го надгради тимот.
Првото име кое треба да пристигне на „Алијанц арена“ е Лукас Хернандез, дефанзивецот на Атлетико Мадрид. За него Баерн Минхен е подготвен да ја плати отштетната клаузула од 80 милиони евра.
„Лукас Хернандез е играч на Атлетико Мадрид. Нема да коментирам шпекулации или најави за трансфери. Нека ја плати Баерн Минхен отштетната клаузула, па тогаш ќе разговараме за тоа“, изјави претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо.
Атлетико Мадрид ќе мора да му дозволи трансфер на фудбалерот доколку Баерн Минхен ја уплати потребната сума од 80 милиони евра во зимскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА