Баерн Минхен ја продолжи својата сезона во кошаркарската Евролига со победата над Црвена Звезда во Минхен со 97-93 дури по продолжението од пет минути. Српскиот тим не ја искористи својата шанса, промаши многу слободни фрлања, и тука може да се бара вината за поразот. Со тоа заврши евролигашката сезона и за вториот српски претставник, откако претходно во групите беше елиминиран Партизан.
Црвена Звезда во еден момент имаше и +7 во Минхен (39-46) но потоа следуваше целосен пад што Баерн Минхен успеа да ја стигне. Потоа Баварците имаа серија од 9-0, за целосен пресврт, па дури и за двоцифрена разлика во корист на германскиот тим. Клучно за ваквото нешто беше третата четвртина кога Баерн уфрли 32 поени, наспроти 15-те на Црвена Звезда.
Беше потребен брз одговор од гостите, кој дојде до такво нешто со серијата од 0-8, а потоа и шанса за пресврт. Со тројката на Ник Вајлер-Бејбе на 53 секунди до крајот беа 82:80. Баерн не беше на колена, домашните навивачи целосно се разбудија. Никола Калиниќ одговори од белата линија за ново израмнување. При пенетрацијата на Карсен Едвардс и топката која стигна до Девин Букер, Коди Милер-Мекинтајр беше повикан за оспорен фаул. Се чинеше дека има повеќе елементи за контрафаул. Карсен Едвардс се погрижи по уфрлената топка однадвор неговиот тим да дојде до „+2“. Но, неверојатно лоша одбрана, поточно неверојатно интелигентна топка на Звезда однадвор за додавање до Филип Петрушев под кошот, кој без проблем ја погодува и мечот отиде во продолженија.
Таму се повтори старата болка на Црвена Звезда. Промашија неколку чисти удари, а Баерн имаше 95-91 на неколку секунди до крајот. Драмата продолжи кога Петрушев погоди со прекршок и дополнително слободно фрлање, кое намерно го промаши, па потоа и две слободни за Германците за конечен триумф.
Девин Букер постигна 21 поен за победничката екипа, Филип Петрушев имаше 30 за Црвена звезда, а Никола Калиниќ 20.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА