Германскиот првак Баерн Минхен на победнички начин ја заокружи 2017 година во Бундес-лигата. Баварскиот тим славеше со минимални 0-1 на гостувањето против Штутгарт. Томас Милер во 79.минута го постигна победничкиот погодок за Баерн Минхен на овој дуел, по асистенција на Кингсли Коман. Штутгарт имаше колосална можност за да освои бод во третата минута од судиското продолжение, но Чадрак Аколо не успеа да реализира пенал.
Шалке 04 ремизираше на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт (2-2) и сега има 11 бода негатива во однос на лидерот Баерн Минхен. Јовиќ и Халер беа стрелци за домашниот состав, додека Емболо и Налдо му донесоа бод на Шалке.
Резултати Германија: Аугсбург – Фрајбург 3-3, Ајнтрахт Ф. – Шалке 2-2, Келн – Волфсбург 1-0, Штутгарт – Баерн Минхен 0-1, Вердер – Мајнц 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА