Германскиот првак Баерн Минхен успешно го почна вториот дел од сезоната во Бундес-лигата, совладувајќи го Баер Леверкузен на гости со 1-3. Тимот на Јуп Хејнкес го демонстрираше својот квалитет и заслужено освои три нови бода.
Хави Мартинез го отвори резултатот во првото полувреме, а Франк Рибери на стартот на вториот дел зголеми на 0-2. Фоланд даде надеж за домаќинот, но Хамес Родригез во судиското продолжение од дуелот ги разреши сите дилеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА