Баерн Минхен ги ангажираше Гереиро како нов лев бек и Лаимер како засилување за средниот ред, двајцата пристигнаа како слободни играчи од Борусија Дортмунд, односно Лајпциг, па Баерн Минхен остана со сериозен буџет за исполнување на главниот приоритет во овој преоден рок – ангажман на нов голгетер. Баварците во изминатите месеци се поврзувани со неколку врвни голгетери, а според последните информации германскиот шампион почнал преговори со Тотенхем за трансферот на Хари Кејн.
Капитенот на „спарси“ влезе во последната година од договорот, па лондонскиот клуб е принуден да го продаде за да не ризикува тој следното лето да си замине без никаква отштета од клубот. Тотенхем инсистираше на отштета од над 100 милиони евра, но на Даниел Леви веќе му стана јасно дека никој нема намера да плати толкаво богатство за играч кој следниот месец ќе наполни 30 години.
Реал Мадрид крена раце и го насочи вниманието кон Мбапе, Тотенхем не сака да преговара со Манчестер Јунајтед, а целата ситуација се обидуваат да ја искористат челниците на Баерн. Ставот на баварскиот гигант е јасен – понудата изнесува 80 милиони и ниту едно евро над таа сума, па останува да се види одговорот на „спарси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

