Баерн Минхен подготви 200 милиони евра за напад од соништата од Премиер – лигата

Германскиот првак Баерн Минхен се бори за шампионската титула во Германија, оваа сезона има сериозни ривали во Лајпциг и во Борусија Дортмунд, но истовремено размислува и за летниот трансфер маркет и има во план да го реновира нападот. Роберт Левандовски сака да замине, за него се интересираат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, а Баерн Минхен подготви 200 милиони евра и ќе пазари во Премиер – лигата.

Баварскиот клуб претстојното лето ќе го реализира трансферот на Лирој Сане од Манчестер Сити, кој беше на прагот на „Алијанц арена“ и пред почетокот на сезоната, но посериозно се повреди на подготовките и остана член на „граѓаните“. Покрај него, Баерн Минхен е заинтересиран и за Роберто Фирмино, бразилскиот напаѓач од европскиот првак Ливерпул.

Германските медиуми најавуваат дека на „Алијанц арена“ би можел да пристигне и Каи Хаверц, офанзивниот играч за врска од Баер Леверкузен, а кормилото најверојатно ќе го преземе Томас Тухел, сегашниот тренер на Пари Сен Жермен.

Се вчитува...