Германскиот првак Баерн Минхен тргнува во офанзива по крилниот играч на Манчестер Сити, Лирој Сане. Тој подолг период е интересен за тренерот Нико Ковач, а раководството ќе се обиде да го доведе до почетокот на Бундес-лигата, на 16 август.
Баварскиот клуб испрати прва официјална понуда до „граѓаните“ вредна 100 милиони евра за германскиот репрезентативец. За да дојде Сане на „Алијанц Арена“, Баерн е подготвен да го плаќа по 220.000 евра седмично.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА