Германскиот првак Баерн Минхен доживеа пораз на гости во Леверкузен со 3-1, а лидерот Борусија Дортмунд ремизираше (1-1) против Ајнтрахт во Франкфурт
Леон Горецка во 41.минута го доведе Баерн Минхен во водство, но вториот дел им припадна на домашните фудбалери. Леон Бејли во 53.минута израмни, а Кевин Воланд десет минути подоцна направи комплетен пресврт. Лукас Аларио во 89.минута ја потврди победата на Баер Леверкузен.
Ајнтрахт Франфурт и Борусија Дортмунд ремизираа, 1-1. Марко Ројс обезбеди предност за „милионерите“ во 22.минута, но Лука Јовиќ израмни во 36.минута.
Резултати Германија: Баер Леверкузен – Баерн Минхен 3-1, Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд 1-1, Херта – Волфсбург 0-1, Хофенхајм – Фортуна Диселдорф 1-1, Нирнберг – Вердер 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА