Баерн Минхен потврди: Англичанецот си заминува на крајот на сезоната

Баерн Минхен почна да го креира тимот за следната сезона, во кој ќе го нема англискиот интернационалец Ерик Даер. Она кое беше најавувано во изминатите денови, денеска „Баварците“ го потврдија.

Даер не доби нов договор, и на крајот од сезоната дефинитивно си заминува од тимот од Минхен.

„Разговаравме со Ерик за продолжување на договорот, но тој не инормираше дека не сака да продолжи и дека ќе си замине. Тој е одличен човек, и минавме одлично време заедно. Се надевам дека ќе го круниса сето тоа со титула“, рече Крисроф Фројнд, спортскиот директор на „Баварците“.

Најблиску до неговите услуги е тимот на Монако, кој ќе го добие бесплатно, и ќе потпише тригодишен договор со францускиот тим. Во минатото Даер долго време беше дел од Тотенхем.

Се вчитува...