Германскиот првак Баерн Минхен е подготвен за мегатрансфер во летниот преоден рок. Тренерот Нико Ковач сака аргентинскиот ас Пауло Дибала да пристигне на „Алијанц арена“. Раководството на баварскиот клуб е подготвено да му ја исполни желбата и да плати рекордни пари за да го ангажира фудбалерот на Јувентус.
Пауло Дибала падна во втор план по доаѓањето на Кристијано Роналдо, па иако во последниот период играат и во тандем кај Масимилијано Алегри, јасно е дека Јувентус сака да го продаде по завршувањето на сезоната. Баерн Минхен е подготвен да плати 75 милиони евра за овој мегатрансфер, а на Дибала да му даде годишна плата од 10 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА