Баерн Минхен против Баер Леверкузен во 1/8 финалето на Купот на Германија

Баерн Минхен против Баер Леверкузен ќе се сретнат во 1/8 финалето во Купот на Германија. Вака сакаше денешната ждрепка, односно да има судар меѓу двете најдобри екипи во раната фаза од ова натпреварување. Мечот ќе се игра во Минхен.

Тимот на Елиф Елмас, Лајпциг, ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен. Волфсбург откако елиминираше еден фаворит во името на Борусија Дортмунд, повторно ќе игра на домашен терен, овојпат против Хофенхајм, кој грчевито се бори за опстанок.

Штутгарт гостува на Јан Регенсбург, а Келн игра дома со Херта.

Се вчитува...