Баерн Минхен се откажа од еден плејмејкер

Германскиот евролигаш Баерн Минхен во новата сезона нема да смета на услугите на Шабаз Нејпир, искусниот плејмејкер кој заминува од тимот по само една сезона.

Баварците не се задоволни од него и покрај тоа што 34-годишникот минатата сезона настапи на 33 натпревари во Евролигата и забележа просек од 10.3 поени со 46 отстотна реализација од игра и 41 отстотна реализација за три поени, а додаде и 2.3 скокови и 3.2 асистенции.

Баерн Минхен за Нејпир беше четвртиот клуб во Евролигата по Зенит, Олимпија Милано за која играше во два наврати и Црвена Звезда.

Се вчитува...