Германскиот првак Баерн Минхен нема да го ангажира францускиот интернационалец Бењамин Павар. Десниот бек на Штутгарт одигра одлично за репрезентацијата на Франција на Светското првенство во Русија, го постигна и официјално најубавиот погодок на Мундијалот, но првиот човек Карл – Хајнц Румениге вели дека баварскиот клуб нема да се натпреварува со ПСЖ и со Манчестер сити.
„ПСЖ и Манчестер сити отсекогаш беа трошаџии за разлика од Реал Мадрид кој ја промени тактиката во последната година, а докажа дека и на таков начин може да се освои Лигата на шампионите. Нема да купиме Павар ова лето, дури и ако си замине Боатенг. Ги имаме Матс Хумелс, Суле, Мартинезк, Алаба и двајца млади фудбалери во одбраната. Не ни е потребен во овој момент“, изјави Румениге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА