Баерн Минхен нема да потпише договор со Џером Боатенг и покрај желбата на Томас Тухел да го ангажира искусниот дефанзивец до крајот на оваа сезона.
Тухел во неколку наврати говореше јавно за незадоволството од трансфер-активностите на клубот летово, особено по пропаднатите трансфери во последниот ден од преодниот рок. Боатенг беше желба директно на Тухел, како играч кој носи искуство во последната одбранбена линија, а по потреба може да се снајде и како десен бек.
Сепак, незадоволството што го изразија навивачите, како и фактот дека Боатенг се наоѓаше во слаба форма во тимот на Лион и си замине како слободен играч ги натера челниците на Баерн да го променат ставот и да не ја исполнат желбата на својот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

