Германскиот првак Баерн Минхен влегува во сериозна трка за ангажман на ѕвездата на Бордо, Бразилецот Малком. Тој оваа зима се споменуваше како ново засилување за англискиот премиерлигаш Тотенхем, претходно беше и на листата на желби на менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, но, сепак, остана во Бордо. Се очекува Малком повторно да биде еден од најпосакуваните фудбалери во Европа во летниот преоден рок.
Баерн Минхен посакува нови крилни играчи, со оглед на возраста на Арјен Робен и на Франк Рибери, а токму Малком, заедно со Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд, е една од желбите на раководството на германскиот гигант. Според медиумите од Германија, Баерн Минхен е подготвен да издвои сума од 60 милиони евра за да го доведе Малком на „Алијанц арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА