Германскиот првак Баерн Минхен е силно заинтересиран за ангажман на чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез од редовите на Арсенал. Одличниот напаѓач не го продолжува договорот со „топчиите“, а тоа значи дека англискиот премиерлигаш ќе мора да го продаде ова лето, затоа што тој ќе влезе во последната година од престојот на „Емирати“.
Карло Анчелоти сака да го реновира офанзивниот дел од тимот и да донесе свежа крв, со оглед дека Робен и Рибери многу често се повредени, а Томас Милер игра очајна сезона во дресот на Баерн Минхен. Се очекува раководството на баварскиот клуб да понуди околу 50 милиони евра за неговите услуги.
За Чилеанецот се заинтересирани и ПСЖ, Челси, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Јувентус, па трката за потписот на Санчез нема да биде нималку лесна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА