Баерн Минхен се засили со центарот на Панатинаикос

Доскорешниот центар на Панатинаикос кој во сезоната 2024/25 бележеше просек од 6.0 поени и 3.6 скокови по натпревар во Евролигата, Венјен Габриел официјално е нов кошаркар на Баерн Минхен потпишувајќи договор на две сезони.

Центарот во германскиот тим носи и НБА искуство со 164 натпревари одиграни за ЛА Лејкерс, Сакраменто, Портланд, Њу Орлеанс, Мемфис… Првото искуство на европско тло го имаше во дресот на Макаби Тел Авив.

Се вчитува...