Баерн Минхен се збогува со Робен, Рибери и со Рафиња

Германскиот гигант Баерн Минхен на пригоден начин се збогува со тројца фудбалери кои денеска за последен пат ќе го носат дресот на клубот. Франк Рибери, Арјен Робен и Рафиња долг период играа на „Алијанц арена“, а денешниот меч против Ајнтрахт Франкфурт е за нив последен во редовите на баварскиот клуб.

Водечките луѓе на Баерн Минхен, Ули Хенес и Карл Хајнц Румениге со пригодни подароци им се заблагодарија се што направија за клубот. Врамените слики засекогаш ќе сведочат за убавите моменти и освоените трофеи во дресот на овој клуб.

Се вчитува...