Фудбалерите на актуелниот шампион Баерн Минхен доживеаја шокантен пораз на домашен терен од Аугзбург од 1-2 во натпревар од 19. коло од германската Бундеслига.
Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Ито во 23. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Артур Чавез во 75. минута, додека конечните 1-2 беа дело на Масенго во 81. минута од мечот.
Bayern Munich 1 – [2] Augsburg – Han-Noah Massengo 81'
byu/ayoefico insoccer
Во останатите мечеви од програмата од 15.30 часот: Хајденхејм – Лајпциг 0-3, Ајнтрахт – Хофенхајм 1-3, Баер Л. – Вердер Б. 1-0 и Мајнц – Волфзбург 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

