Баерн Минхен со интерес за Александер-Арнолд

Трент Александер-Арнолд пристигна во Реал Мадрид од Ливерпул минатата сезона, но поради повреди и конкуренција, не успеа да се етаблира како стандарден првотимец во тимот.

Токму поради тоа се почести се гласините за неговото заминување од клубот.

Меѓу бројните клубови кои сакаат да го видат во своите редови, се споменува и интересот на Баерн Минхен.

Александер-Арнолд е под договор со Реал Мадрид до јуни 2031 година, но од Баерн најавуваат дека има можност за разговори од престојното лето да го видат во своите редови.

Се вчитува...