Играчот од средниот ред Александар Павловиќ ќе ги пропушти претстојните натпревари на Баерн Минхен , а можеби и четвртфиналната пресметка на Германија со Италија во Лигата на нации поради болест.
Баварскиот гигант објави дека Павловиќ „во моментов боледува од продолжена инфекција“. „Затоа, 20-годишниот играч од средниот ред нема да биде достапен за Баерн до дополнително известување.
Павловиќ ги пропушти последните два натпревари на Баерн поради болест – победата од 3-1 во Бундеслигата на гости над Штутгарт и победата од 3-0 над Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.
Тој сега ќе ги пропушти и натпреварите од Бундеслигата против Бохум и Унион Берлин , како и реваншот против Леверкузен пред почетокот на репрезентативната пауза на 17 март. Слична е ситуацијата и со Мануел Нојер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

