Баерн Минхен со пресврт до победа над Келн (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен запишаа нова победа во домашниот шампионат откако вечерва со пресврт 1-3 славеа на гостувањето кај Келн во меч од 17. рунда од новата сезона во Бундеслигата.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Маина во 41. минута. До крајот на првиот дел во петтата минута од судиското надополнување Гнабри израмни на 1-1. Целосен пресврт за Баварците, донесе Кореецот, Ким во 71. минута (1-2). Конечните 1-3 ги постави Карл во 84. минута.

FC Cologne 1 – [2] Bayern Munich – Kim Min-jae 71'
byu/ayoefico insoccer

Во останатите натпревари од денешната понуда во Бундеслигата: Волфсбург – Сент Паули 2-1, Хофенхајм – Борусија М. 5-1 и Лајпциг – Фрајбург 2-0.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...