Баерн Минхен со рекордна понуда од 100 милиони за Хари Кејн

Делегација  на Баерн Минхен во понеделникот престојуваше во Лондон каде се сретна со челниците на Тотенхем.

Во оваа посета имаше само една тема, а тоа е рекордна понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Во Баерн сметаа дека најдобра опција е да дојдат во Лондон и директно да разговараат со Даниел Леви, кој досега успешно одолеа на сите понуди за одличниот голгетер.

Тотенхем категорично ги одби првите две понуди од германскиот шампион, но на претставниците на баварскиот клуб конечно им беше претставено што треба да направат. И Баерн конечно е подготвен да му понуди на клубот рекордни 100 милиони евра, со што ќе ги надмине 79-те милиони евра кои ги платија за Лукас Хернандез. Кејн е подготвен да премине во Баерн, но проблемот е цената.

Додека Баерн сега нуди максимум 100 милиони, Леви бара 116 милиони така да се уште ќе трае сапуницата околу иднината на најдобриот англиски фудбалер.

Се вчитува...