Раководството на Баерн Минхен не е задоволно од работата на тренерот Томас Тухел и веќе од следната сезона на чело на германскиот гигант ќе биде нов тренер, пренесуваат шпанските медиуми. Тоа ќе биде хит тренерот во Бундеслигата Чави Алонсо со кој баварците веќе склучиле договор.
Шпанецот важи за еден од најдобрите млади тренери во светот и неговата фантастична замисла за атрактиен фудбал веќе ја реализира во Баер Леверкузен со кој е лидер на Бундеслигата и лидер во својата група во Лига Европа.
Алонсо се поврзува и со тренерското место во првиот тим на Реал Мадрид. Како потсетување, тој беше дел од „кралскиот клуб“ на почетокот на тренеркста кариера кога ги предводеше младинците на тимот од главниот град на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

