Крилниот играч на Баерн Минхен, Лерој Сане не ја прифати најновата понуда од својот клуб за нов договор. Клубот од Баварија му понуди на играчот продолжување на договорот за 10 милиоини евра годишно, плус 5,5 милиони евра бонуси, а играчот треба да добие и бонус за потпис. Моментално Сане заработува 20 милиони евра годишно.
Ова наводно не им се допаднало на фудбалерот ниту на неговиот менаџер Пини Захави, па Баерн Минхен му постави ултиматум до крајот на викендов да се изјасни и официјално што бара, и да се знае дали ќе остане или ќе замине на крајот на сезоната.
Ако не ја променат својата позиција и двете страни, тогаш Сане ќе си замине од клубот од Минхен како слободен агент. Сане дојде во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити за околу 60 милиони евра со се бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

