Баерн Минхен спаси „жива глава“ во Леверкузен

Дербито на 22. коло во Бундеслигата помеѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен заврши без победник, но и без постигнат гол во средба во која баварците беа наиграни како ретко кога досега.

Баер Леверкузен одигра одличен дефанзивен натпревар потполно лимитирајќи го фаворизираниот противник на само една полушанса во повеќе од 90. минути игра, но „фармацевтите“ и самите не успеаја да го совлдааат Нојер во најмалку пет изгледни шанси пред противничкиот гол, една од кои во самата завршница во која одличната интервензија на искусниот германски голман спечи домашна предност.

Со поделбата на бодовите двете екипи остануваат на лидерските позиции на табелата со осум бодови меѓу нив.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...