Сега и официјално, Баерн Минхен е повторно шампион на Германија, откако Баер Леверкузен одигра само 2-2 против Фрајбург. „Фармецевтите“ денеска мораа да слават ако сакаа да го одложат шампионското славје на „Баварците“, но не успеаја, па дури се спасија од пораз.
Фрајбург имаше предност од 2-0 во 49. минута од средбата. Егештајн во 44. минута донесе предност, а потоа Хинкапие во 49. минута си постигна автогол за 2-0. Сепак, Вирц во 82. минута успеа да намали, а Та во третата минута од судиското надополнување да израмни, но недоволно тимот да остане во трка за одбрана на титулата.
Баерн Минхен сега има осум бодови предност пред последните две кола во Бундеслигата, и е недостижен на првото место на табелата. По една година пауза, титулата повторно се врати во Баварија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

