Баерн Минхен, тимот што стравува од „жолтицата“ во ЛШ

Лигата на шампионите повторно се враќа на сцената по тринеделна пауза. Фудбалерите на екипите четвртфиналисти својот фокус покрај резултатот, ќе мораат да го насочат и на жолтите картони, со оглед дека на дел од нив им се заканува потенцијална суспензија за реванш средбите.

На листата од 20 играчи кои се соочуваат со овој проблем доминира тимот на Баерн Минхен. На дури пет играчи им се заканува можна суспензија, а посебен страв „набива“ можното отсуство на Робет Левандовски. Следуваат Јувентус, Манчестер Сити и Севилја со по тројца играчи, Ливерпул и Рома по двајца, додека шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид имаат само по еден играч како потенцијални кандидати за „одмор“ во реваншот.

Капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос исто така мора да биде максимално дисциплиниран во Торино, ако сака да ја предводи својата екипа против и во мечот во Мадрид за седум дена.

Утре (20.45 часот) на програмата се мечевите Јувентус – Реал Мадрид и Севилја – Баерн Минхен, додека в среда во ист термин ќе играат Барселона – Рома и Ливерпул – Манчестер сити.

„Жолтицата“ во ЛШ во овој момент

Баерн Минхен – Жером Боатенг, Џошуа Кимих, Корентин Толисо, Себастијан Руди, Роберт Левандовски

Севилја – Габриел Меркадо, Серхио Ескудеро, Висам Бен Једер

Јувентус – Џорџо Кјелини, Родриго Бентанкур, Алекс Сандро

Манчестер сити – Данило, Фернандињо, Илкај Гундоган

Рома – Костас Манолас, Диего Пероти

Ливерпул – Алберто Морено, Џордан Хендерсон

Реал Мадрид – Серхио Рамос

Барселона – Серхи Роберто

 

Се вчитува...