Баерн Минхен тргнува по потписот на Леао

Раководството на Баерн Минхен најави доаѓање во Милано, каде ќе преговара со раководството на истоимениот клуб околу откупување на Рафаел Леао.

Баерн е подготвен да понуди 60 милиони евра, со можност во трансакцијата да вклучи и фудбалер, чиј идентитет се уште не е познат.

Сепак, тешко е да се поверува дека Милан во овој момент ќе го пушти Леао, која е најдобриот фудбалер што го имаат во своите редови.

„Росонерите“ следната сезона нема да учествуваат во ниту едно европско натпреварување, што е голем неуспех поради што се финансиски лишени за следниот период, но и покрај сето тоа тешко е да се поверува дека ќе го продадат Леао, особено што новиот тренер Алегри при преземањето на тимот инсистираше дека тој е играч кој мора да остане.

Се вчитува...