Германското „чудо од дете“, Џамал Мусиала е дел од Баерн Минхен од 2020 година кога беше прекомандуван од младинската школа во првиот тим и не му требаше долго да се наметне како голема ѕвезда на тимот.
Од година во година бележи се подобри настапи, а оваа година веќе забележа двоцифрен број на погодоци во Бундеслигата откако постигна 10 голови на 21 одигран натпревар. Покрај тоа додаде и шест асистенции во елитниот германски фудбал, а постигна и два гола и една асистенција во седумте натпревари на својот тим во Лигата на Шампиони.
Добрите настапи на Мусиала донесоа гласини за негова можна преселба во Шпанија каде голем интрес покажаа Реал Мадрид и Барселона, но за разлика од минатото кога баварскиот гигант остана без Роберт Левандовски, овој пат нема лесно да се откаже од услугите на 21-годишникот.
Договорот помеѓу Баерн Минхен и Мусиала е со важност до 2026 година и актуелниот шампион на Германија веќе започнал преговори за продолжување на соработката која ќе му донесе и далеку поголема плата се очекува да биде завршена пред крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА