Баерн Минхен влегува во трката за Дани Себалјос

Германскиот првак Баерн Минхен е подготвен да го купи најдобриот фудбалер на неодамна завршеното Европско првенство за селекции до 21 година, Шпанецот Дани Себалјос. Тој е цел и на шпанските гиганти, Реал Мадрид и Барселона, но и тренерот на баварскиот клуб, Карло Анчелоти, би сакал да го види во своите редови.

Себалјос е играч на шпанскиот клуб Бетис и неговата откупна клаузула во моментот изнесува 15 милиони евра, што и не е така неостварливо за големите европски клубови. Тие ќе треба да се тркаат со условите што лично ќе му ги понудат на самиот фудбалер, а токму Дани Себалјос ќе мора да го направи изборот на својата наредна дестинација во фудбалската кариера. Засега, во пол – позиција за неговите услуги е Реал Мадрид.

Се вчитува...