Холанѓанецот Чави Симонс од РБ Лајпциг е посакуваната замена на Баерн Минхен за Џамал Мусијала , кој заработи фрактура на тибијата на левата нога на натпреварот против ПСЖ во четвртфиналето на Светското клупско првенство (0:2) и беше опериран, тврди „Атлетик“.
Точно пред шест месеци, клубот од Лајпциг го купи Симонс од Пари Сен Жермен за 50 милиони евра. Фактот дека Лајпциг нема да учествува во европските натпреварувања следната сезона би можел да влијае на мислењето на Холанѓанецот за трансфер во Баерн. Симонс постигна 18 гола и има 20 асистенции за својот сегашен тим во Бундеслигата.
Добро е што Симонс може да игра на повеќе позиции, па кога ќе се врати Мусиала ќе се најде друга позаиција за него, со оглед дека игра и како офанзивен играч за врска, а може и како централен играч за врска, и по крилните позиции.
Во летото, Баерн се раздели со Лерој Сане, кој се пресели во Галатасарај, францускиот напаѓач Матис Тел беше продаден на Тотенхем, а Серж Гнабри е при крајот на договорот. Исто така Баерн е заинтересиран и за Луис Диаз од Ливерпул, а го сака и Родриго од Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

