Баерн Минхен за 10 минути го надигра Панатинаикос

Барен Минхен и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ им се вратија на победите во Евролигата откако во 22. коло славеше на домашен терен над Панатинаикос со 85-78.

Грчкиот тим имаше предност во поголемиот дел од натпреварот, во последната четвртина влезе со предност од 60-64, но Германците одиграа перфектни 10. минути во кои постигнаа 27 поени наспроти 14-те на гостите па негативата ја претворија во конфортна победа.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со девет постигнати поени, пет асистенции и два скокови за 20. минути поминати во игра.

Осман со 20 поени беше лидер на Панатинаикос, додека 16 поени за Баерн Минхен постигна Џесуп.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...