Баерн Минхен е ривалот на Лајпциг во финалето од Купот на Германија, откако баварскиот гигант по голема битка славеше на гостувањето против Вердер со 2-3.
Натпреварот во Бремен донесе големи возбудувања, откако Баерн поведе со 0-2 преку Милер и Левандовски, но Вердер потоа со два гола во две минути преку Осако и Рашица стигна до израмнување (74. и 75. минута). Домаќините се понадеваа на чудо и целосен пресврт, но еуфоријата експресно им спласна откако во 80. минута беше досуден пенал над Коман што Левандовски го претвори во победнички гол за Баерн.
Баерн останува во игра за двојната круна во германскиот фудбал, со оглед на фактот дека тимот на Нико Ковач е првопласиран и во домашното првенство, со еден бод предност пред Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА