Баерн Минхен замената на Мусиала ја најде во Арсенал

Баерн Минхен е принуден да бара замена за Џамал Мусиала, младиот германски фудбалер кој заработи тешка повреда поради која ќе биде надвор од терените во најголемиот дел од сезоната 2025/26.

Германците бараат фудбалер кој може да ја покрие средината на теренот, а нема да биде долгорочно решение со оглед на тоа што по камбекот на Мусиала, 22-годишникот повторно ќе има загарантирано место на теренот.

Една од опциите за трансфер е фудбалерот на Арсенал, Фабио Виеира. 25-годишникот е дел од Арсенал од 2022 година, но со оглед на новите засилувања во редовите на „топчиите“ неговата минутажа дополнително ќе се намали.

Според германските медиуми веќе се водат активни преговори за едногодишна позајмица без можност за откуп на договорот по крајот на сезоната.

Се вчитува...