Баерн Минхен ова лето стигна до значаен трансфер осигурувајќи го потписот на еден од најбараните стопери на денешницата, Џонатан Тах, а успеа да и најде решение Германецот да дебитира уште на престојното Светско клупско првенство кое ќе се одржи во Соединетите американски држави.
Тах пристигна во Минхен како слободен фудбалер откако му истече договорот со Баер Леверкузен, но „фармацевтите“ најдоа начин да заработат, добивајќи надомест за негов настап за баварците на историскиот собир на најдобрите клубови од светот.
Светското клупско првенство кое за прв пат во историјата ќе брои 32 клубови започнува на 15. јуни. Баерн Минхен во групната фаза силите ќе си ги одмери со Бока Јуниорс, Бенфика и Окланд Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

