Баерн Минхен забележа уште една победа во Лигата на Шампионите, откако на домашен терен славеше над Спортинг со 3-1. Иако имаше поголем посед врз топката баварскиот гигант се мачеше да искреира стопроцентни шанси, а интересно е што гостите од Португалија први дојдоа во водство, со автоголот на домашниот капитен Кимих.
Токму тој момент беше клучен за Баерн да се разбуди и да влезе во посакуваниот ритам. Следеше израмнување на 1-1 преку Гнабри, откако германскиот ас се најде осамен по корнерот на Олис и го матираше голманот на Спортинг.
Младиот Карл донесе еуфорија на „Алијанц Арена“ стрелајќи прецизно за 2-1 на асистенција на Лаимер, а конечните 3-1 беа дело на дефанзивецот Тах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

