Баерн му прости на талентот за изјавата дека сака во Реал Мадрид: Се додека е квалитетен на терен…

Ленарт Карл, младиот 17-годишен фудбалер на Баерн Минхен пред неколку дена влезе во скандал, откако во интервју кажа дека неговиот сон е да заигра за Реал Мадрид.

Сега се огласи и спортскиот директор на гигантот од Минхен, Макс Еберл, и не гледа проблем со коментарот на играчот од средниот ред.

„Тоа се млади момчиња и прават грешки. Следниот ден дојде кај нас и ни рече: Мислам дека реков нешто не убаво. За нас тоа прашање е затворено. Тоа воопшто не е проблем, се додека покажува квалитет на теренот“, изјави Еберл.

Се вчитува...