Баерн на шопинг во Рим, подготвени 80 милиони за трансфер на Абрахам

По продажбата на Роберт Левандовски во Барселона, Баерн Минхен е во потрага по врвен напаѓач, а најновото име на списокот е Теми Абрахам. Aнглискиот напаѓач направи вистински потег со трансферот во Рома откако успеа да ја одигра сезоната на кариерата.

Напаѓачот во дресот на Рома постигна 24 гола и запиша 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. Најсилен интерес за Абрахам покажува Баерн Минхен, бидејќи приоритет на „Баварците“ е врвен голгетер.

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн стапил во контакт со агентот на голгетерот и спремил понуда од 80 милиони евра, иако Рома не сака да се откаже од својата ѕвезда и нема да го пушти Абрахам за понуда помала од 100 милиони евра.

Се вчитува...